• петок, 22 ноември 2024

Мејлови со закани за бомба во најмалку десет хотели во Солун

Мејлови со закани за бомба во најмалку десет хотели во Солун
Атина, 23 август 2021 (МИА) – Преку мејлови, во најмалку десет хотели во Солун вечерва биле испратени закани дека се поставени бомби, а полицијата превентивно ги евакуира и ги проверува, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Дел од хотелите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет од хотелите, но не било пронајдено ништо сомнително. Според информациите во солунските медиуми, мелови со дојави за бомба биле испратени прво во три хотели, подоцна во уште три, па во уште четири хотели. ср/ссм/

Остани поврзан