• петок, 05 декември 2025

Меѓу осум и девет трилиони кубни стапки е можното количество природен гас во два блока во кипарската ексклузивна економска зона

Меѓу осум и девет трилиони кубни стапки е можното количество природен гас во два блока во кипарската ексклузивна економска зона

Атина, 26 септември 2025 (МИА) – Количеството природен гас во полињата „Пегаз“ и „Глафкос“ во кипарската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) можно е да изнесува од осум до девет трилиони кубни стапки, врз основа на податоците доставени до кипарскиот претседател од компанијата „ExxonMobil“ што ги врши истражувањата, информираше портпаролот на Владата на Република Кипар Константинос Летибиотис, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Кипар Никос Христодулидис во Њујорк се сретна со потпретседателот на „ExxonMobil“ Џон Ардил и разговарале за првичните наоди од истражувањата на компанијата во двата блока во кипарската ексклузивна зона, а Летибиотис во изјава за медиумите истакна дека вестите од компанијата „се многу позитивни“.

- Претседателот, од една страна на г. Ардил му го пренесе своето задоволство од досегашната соработка со компанијата и нејзината активност во кипарската ексклузивна економска зона, а од друга страна ја пренесе пораката од кипарската Влада за забрзување, што е можно поскоро, на експлоатацијата, со цел искористување на природното богатство во кипарската ЕЕЗ, со главна цел, секако, позитивно влијание врз енергетските трошоци за кипарските потрошувачи, објасни Летибиотис. ср/сд/

Фото: Кабинет на кипарскиот претседател

Остани поврзан