• понеделник, 23 декември 2024

Меѓународни саеми „Органска трпеза“ и  „АгроМак“ во Куманово

Меѓународни саеми „Органска трпеза“ и  „АгроМак“ во Куманово

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Во Спортско-рекреативниот комплекс во Куманово од денеска до 29 септември ќе се одржуваат меѓународните саеми „Органска трпеза“ и  „АгроМак“, на кои најавено е присуство на учесници од државава и од странство.

„Органска трпеза“ е седмиот меѓународен саем на органски и традиционални производи, каде посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најдоброто од органската храна, производители кои посветено го негуваат традиционалниот начин на производство и технологии кои го почитуваат природниот баланс.

„АгроМак“ е третиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка, кој претставува уникатна платформа за претставување на најновите иновации и трендови во агро-индустријата.

- Овој саем е од исклучителна важност за сите кои сакаат да останат информирани и конкурентни во брзорастечката агро-сфера, информираат од организацискиот одбор „АгроМак 2024“.

Во рамките на меѓународните саеми, Здружението за развој на земјоделството и заштита на животната средина преку истражување, едукација и зачувување на биодиверзитетот „Живот“ од Куманово, денеска во салата на Советот на Општина Куманово организира работно-иницијативен состанок на претставници од науката и бизнисот.

Главната тема на состанокот ќе биде „Органска и функционална храна - иднина на Македонија и регионот на Југоисточна Европа“. дма/мд/

Фото: Плакат

 

                                 

            

Остани поврзан