• петок, 22 ноември 2024

Меѓународниот авионски сообраќај речиси се врати на нивото од пред пандемијата во 2019 година

Меѓународниот авионски сообраќај речиси се врати на нивото од пред пандемијата во 2019 година

Женева, 12 јануари 2024 (МИА) - Побарувачката за авио-превоз во светот до крајот на ноември 2023 година надмина 99 отсто од нивото од претпандемиската 2019 година, а обемот на авио-сообраќај се зголеми за 29,7 отсто само во ноември во однос на истиот месец во 2022 година. објави Меѓународната агенција за воздушен транспорт (ИАТА).

Меѓународниот авио-сообраќај забележа најголем раст во азиско-пацифичкиот регион, за 63,8 отсто, но позитивен напредок е забележан во сите региони во светот.

Во Европа побарувачката за летови е зголемена за 14,8 отсто во однос на ноември 2022 година.

- Брзото закрепнување на светскиот авио -сообраќај од пандемијата на коронавирусот покажува колку е важен овој начин на транспорт за луѓето и бизнисите, рече генералниот директор на ИАТА, Вили Волш. ссм/

фото: архива

Остани поврзан