Меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ во Музејот на македонската борба
- Седмата меѓународна конференција „Запознај, види направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа ќе се одржи денеска и утре во Музејот на македонската борба за самостојност.
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Седмата меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа ќе се одржи денеска и утре во Музејот на македонската борба за самостојност.
- Во два работни дена и 14 сесии, 50 професионалци од земјава и од Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Грција, Косово и Бугарија ќе дискутираат на тема „За што се музеите? Назад кон основите!“, наведуваат од Музејот на македонската борба.
Конференцијата е во организација на Музејот и Балканската музејска мрежа, една од најважните регионални платформи којашто ги обединува музеите и професионалците кои работат во заштитата на културното наследство од балканскиот регион.
Конференцијата се реализира со поддршка на Министерството за култура како дел од Годишната програма, и со помош од Градот Скопје.
- „Запознај, види, направи!“ ќе се одвива со почитување на тековните ковид протоколи, а поради ограничениот број на учесници, ќе биде емитувана и во живо преку каналите на Музејот на македонската борба за самостојност на Јутјуб и на Фејсбук, посочуваат од Музејот. мс/мд/