• петок, 22 ноември 2024

Меѓународна воена вежба во Црна Гора, ќе се увежбуваат активности на планина во зимски услови

Меѓународна воена вежба во Црна Гора, ќе се увежбуваат активности на планина во зимски услови

Подгорица, 20 јануари 2023 (МИА) - Меѓународната воена вежба „Заеднички предизвик 23“ ќе се одржи во Црна Гора од крајот на јануари до средината на февруари. Министерството за одбрана соопшти дека вежбата чиј домаќин ќе биде Армијата на Црна Гора, ги обединува вооружените сили на повеќе земји, јави РТЦГ.

„На вежбата ќе учествуваат повеќе од 250 припадници на вооружените сили на Црна Гора, Австрија, Италија, Северна Македонија, САД и на Центарот на НАТО за планинско војување. Тие заеднички ќе ги зајакнат своите способности за спроведување борбени и спасувачки операции на планински терен, во зимски услови“, се вели во соопштението.

Активностите за време на вежбата ќе се изведуваат на територијата на општина Колашин. аб/

Остани поврзан