• понеделник, 23 декември 2024

Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Скопје, 18 август 2023 (МИА) - Пингпонгарската федерација на Македонија продолжува да инвестира во капацитетот на тренерскиот кадар. По успешно завршување на првото ниво, согласно стандардите за сертификација на светската федерација, ИТТФ1, во посета на државата е менаџерот за развој на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) Мохамад Алтоум, кој во периодот од 18-23 август ќе го одржи семинарот за тренери. Со овој семинар ќе се изврши сертификацијата за тренери на второ ниво, ИТТф2, соопштија денес од ППФМ.

 

Дванаесетте тренери заедно со гостинот ќе работат во Берово со финансиска и организациска поддршка од Олимпискиот комитет преку Фондот за солидарност.

 

По завршувањето на семинарот за тренери, гостинот од ИТТф ќе одржи и неколкудневен тренинг камп за најмладите и талентирани македонски играчи од државата со поддршка на националните тренери. зс/

Остани поврзан