Меѓународната кампања „Чиста облека“ ја сондираат состојбата со правата на текстилните работници
- Меѓународната кампања „Чиста облека“ се заинтересира за случајот со штипските текстилни работнички од поранешен „Алкон текс“, откако стечајната постапка им заврши во рок од неколку минути, а
Штип, 13 септември 2021 (МИА) - Меѓународната кампања „Чиста облека“ се заинтересира за случајот со штипските текстилни работнички од поранешен „Алкон текс“, откако стечајната постапка им заврши во рок од неколку минути, а поради тоа што нивната фирма нема никаков имот, никогаш нема да можат да ги добијат заостанатите плати и отпремнини.
Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип вели дека активистиките од „Чиста облека“ веќе втори ден се во Штип и ги сондираат забелешките на текстилните работнички од повеќе конфекции, како и на работничките од „Алкон текс“, со цел да слушнат и странските брендови за кои работат нивните работодавачи.
- Ако немаме помош и поддршка од една правна држава и институциите, кои досега 99 посто не одговорија на барањата на работничките и работниците, односно исплата на нивните плати и придонеси, отпремнини и слично. Сметам дека може да одиме чекор понатаму и да ја бараме правдата надвор од границите, вели Ампева.
Претставничките од меѓународната кампања „Чиста облека“ забележуваат дека проблемите на работниците во текстилната и кожарската индустрија е речиси ист насекаде, без разлика дали фирмите се во Романија, Бангладеш или во државава. Добиваат пријави за кршење на работничките права, а Артемиса Љарја од „Чиста Облека“ вели дека пријавите се поврзани најчесто со исплатата на платите.
- За овој регион најчест проблем е платата. Не само неисплата на минално загарантираната плата, туку и неплаќањето на прекувремената работа, бонусите или празниците. Тука е честа работата за викенд, што се плаќа како обичен работен ден. А проблем се и договорите, бидејќи од него зависат и останатите бенефиции што го следуваат работникот, вели Љараја.
Но, она што најмногу ги загрижува е понижувањето кое го трпат работниците на работните места.
- Понижувањето, викањето, користењето на навредлив јазик и малтретирањето, се нешта за кои добиваме се повеќе и повеќе пријави што е сосема недостоинствен третман на работниците, вели Бетина Мусјолек од „Чиста облека“.
„Чиста Облека“ ги алармираaт потрошувачитте и жителите од градовите каде се седиштата на големите брендови на кој начин се произведува она што го носат и така да ги натерат да се подобрат условите во текстилството и кожарството. Апелираат брендовите ковид кризата да не ја користат како изговор за уназадување на правата и безбедноста на работниците. вдј/мс/