• вторник, 07 мај 2024

Меѓународен фестивал на творештво за деца и млади

Меѓународен фестивал на творештво за деца и млади
Скопје, 21 март 2022 (МИА) - По повод Денот на пролетта во Скопје ќе се одржи Меѓународен фестивал на творештво за деца и млади. Фестивалот ќе започне со онлајн трибина на тема „Современото творештво за деца и млади денес“. На трибината, како што е најавено, ќе учествуваат: Милутин Ѓуричковиќ, Зоран Пеневски, Снежана Алексиќ Станојловиќ (Србија), Васил Тоциновски, Христо Петрески, Лили Бошевска (Македонија), Вања Ангелова, Латинка Златна (Бугарија), Драган Митиќ (Словенија), Ранко Павловиќ, Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина) и други. Ќе настапат и голем број творци кои создаваат за деца и млади, кои ќе се претстават со свои најнови поетски и прозни прилози и други искажувања. Фестивалот го организира Издавачката куќа Феникс од Скопје и се надоврзува на претходните две меѓународни манифестации за Современите кратки книжевни форми и Современите авторски бајки. По завршувањето на Фестивалот ќе биде објавен Книжевен преглед на современото творештво за деца и млади, во кој ќе бидат застапени повеќе од 100 автори од земјава и странство со свои најнови раскази и песни за деца и млади.цр/лв/      

Остани поврзан