Меѓународен турнир во пинг-понг ,,Зегин опен 2022" претстојниот викенд во Берово
- Пингпонгарскиот клуб Зегин од Берово викендов ќе виде домаќин на меѓународниот турнир во пинг-понг ,,Зегин Опен 2022". Вкупно пријавени се 76 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и
Берово, 13 септември 2022 (МИА) - Пингпонгарскиот клуб Зегин од Берово викендов ќе виде домаќин на меѓународниот турнир во пинг-понг ,,Зегин Опен 2022". Вкупно пријавени се 76 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово, кои ќе се натпреваруваат во четири категории.
- Натпреварите се во сениорска и јуниорска конкуренција и ќе бидат организирани во две нивоа на натпреварување и тоа квалификации по групи и систем на елиминација. Прво и второпласираните натпреварувачи од групите ќе се пласираат по систем на еднократна елиминација, додека сите натпревари се играат во систем подобар од 5 сетови, полуфинале и финале се играат во систем подобар од 7 сетови, информираа организаторите.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 5.000 евра, а за сите натпревари ќе бидат ангажирани сертифицирани судии.
- Жрепката е закажана за 14 септември, а носителите на групи ќе бидат поставени согласно ИТТФ ранкинг. Натпреварите ќе започнат со почеток од 9 часот. Со ова се докажува дека Берово и нашиот беровски пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, полека го зазема приматот на град на пинг-понгот, додадоа од ППК ,,Зегин".
Помагатели на турнирот се Пингпонгарската Федерација на Македонија и компанијата „Зегин“. вс/зс/