• понеделник, 28 октомври 2024

Меѓународен турнир во Битола во чест на шаховската легенда Борче Илиевски

Меѓународен турнир во Битола во чест на шаховската легенда Борче Илиевски

Битола, 27 октомври 2024 (МИА) - Над 100 шахисти од земјава и од Грција викендов учествуваат на меѓународниот шаховски турнир во Битола посветен на шаховската легенда Борче Илиевски.

Првиот дел од турнирот почна синоќа со шаховска симултанка на интернационалниот мајстор Димитар Илиевски против млади шахисти од Скопје и Битола, а денес учесниците се натпреваруваат играјќи забрзан шах.

 -Вториот ден од турнирот стартуваше со емитување на краток документарен филм „Јас и Фишер“ посветен на неодамна починатиот битолчанец, големата македонска шаховска легенда Борче Илиевски кој во 1967 година приреди вистинска сеназација играјќи реми со светски познатиот американски шахист Боби Фишер. Шахистот Илиевски бил мотив и инспирација за многу шахисти, а така е и овој викенд на кој учествуваат над 100 шахисти меѓу нив шаховскиот велемајстор Звонко Станојоски, олимпискиот шампион Тони Лазов, светската младинска првенка од Грција Евангелија Сиску, како и младиот шахист од Скопје Александар Стојковски кому семејството Илиевски му подарија комплет шаховски книги, вели во изјава за МИА претседателот на шаховскиот клуб „Шах-шех“ Зоран Попчевски.

Меѓународниот шаховски турнир во забрзан шах е традиционален и со натпреварувачки карактер, а наградите ги обезбеди домаќинот и организатор на турнирот, шаховскиот клуб „ШАХ-ШЕХ“ од Битола. мт/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан