• недела, 30 јуни 2024

Мече загина најверојатно во сообраќајка на локалниот пат кон село Вејце

Мече загина најверојатно во сообраќајка на локалниот пат кон село Вејце

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк „Шар Планина" пријавило дека на локалниот пат кон село Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече кое најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител.

Како што информираа од ЦУК, екипа на МВР извршила увид на местото на несреќата, а телото на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи. цр/са/

Фото:ЦУК

Остани поврзан