Мециновиќ: Илјадници луѓе во Скопје се охрабрија да застанат на страната на промената
- Ова беше прво полувреме, каде се мобилизиравме. Во второто полувреме ќе ја победиме онаа визија која 30 години ни ги крои судбините. Скопје во наредните недели ќе одлучи за својата судбина и веќе никогаш ништо нема да биде исто. Придружете ни се затоа што ова не е борба на еден човек, на една партија. Ова е борба на повеќе генерации, борба која 30 години Македонија ја чека. Го дочекавме денот кога ВМРО и СДС нема да ни бидат судбина. Сите кои се разочарани ги повикуваме да ни се придружат. Ова е наша борба, наша приказна, за нашето Скопје, порача синоќа кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица Амар Мециновиќ.
Скопје, 20 октомври 2025 (МИА) - Ова беше прво полувреме, каде се мобилизиравме. Во второто полувреме ќе ја победиме онаа визија која 30 години ни ги крои судбините. Скопје во наредните недели ќе одлучи за својата судбина и веќе никогаш ништо нема да биде исто. Придружете ни се затоа што ова не е борба на еден човек, на една партија. Ова е борба на повеќе генерации, борба која 30 години Македонија ја чека. Го дочекавме денот кога ВМРО и СДС нема да ни бидат судбина. Сите кои се разочарани ги повикуваме да ни се придружат. Ова е наша борба, наша приказна, за нашето Скопје, порача синоќа кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица Амар Мециновиќ.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и на Левица Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје.
- Не само што Левица влезе во вториот круг за овие локални избори, туку денеска се разбуди Скопје. Граѓаните на Скопје покажаа храброст дека се спремни да изберат поинаку. Денеска Левица испиша историја затоа што првпат во историјата на Република Македонија, во главниот град имаме кандидат кој не е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во првиот круг покажавме дека има надеж, а во вориот круг ова ќе го претвориме во реалност. Влеговме во вториот круг затоа што илјадници луѓе во Скопје се охрабрија да застанат на страната на промената. Влеговме во втор круг затоа што скопјани го сакаат својот град. Сакам да посочам дека во вториот круг имаме јасен избор помеѓу две визии, едната визија, која 35 ја имаме во Македонија, која е застарена, коруптивна, криминална, ни го одзема годините, животите, можностите и оваа втора визија која е наша визија, за град во кој сите ќе сакаме да живееме, рече Мециновиќ.
Тој посочи дека за време на кампањата увиделе дека Скопје, како што рече, сака да дише, да се раздвижи и да биде слободно, ослободено од градски власти кои не му одговораат. Најави дека во следните недели ќе продолжат со средби со граѓаните. Во следните две недели, како што рече, нема да се занимавамве со препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Претседателот на Левица Димитар Апасиев синоќа потенцира дека Левица станува лидер на опозицијата во Република Македонија и му порача на кандидатот Орце Ѓорѓиевски да не бега од дебата. мд/са/
Фото: МИА