• среда, 17 јули 2024

Метју Палмер в сабота во работна посета на БиХ

Метју Палмер в сабота во работна посета на БиХ

Сараево, 29 јуни 2021 (МИА) - Американскиот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер ќе пристигне в сабота во работна посета на БиХ, јавија локални медиуми.

Според нив, Палмер ќе се состане со членовите на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ.

Доаѓањето на американски официјални лица поради потенцијални измени во Изборниот закон во БиХ го најави вчера лидерот на ХДЗ Драган Човиќ кој рече дека во наредните денови, официјални претставници од европската и американската администрација ќе пристигнат во БиХ за да разговараат за следните чекори кон реформата на Изборниот закон. паг/

Остани поврзан