• понеделник, 23 декември 2024

Метеоролошка агенција на ОН: Светот ја губи трката за спас на глечерите што се топат

Метеоролошка агенција на ОН: Светот ја губи трката за спас на глечерите што се топат

Дубаи, 5 декември 2023 (МИА) - Метеоролошката агенција на Обединетите нации денеска соопшти дека глечерите се намалиле повеќе од кога било меѓу 2011 и 2020 година и дека Антарктикот изгубил повеќе од 75 отсто од мразот во споредба со претходната деценија, предупредувајќи дека светот ја губи трката да го спаси топењето на глечерите.

Агенцијата предупредува на овие промени во последниот извештај за последиците од климатските промени на планетата во текот на неколку децении.

 Метеоролошката агенција наведува дека глечерите ширум светот се намалувале за околу еден метар годишно во просек од 2011 до 2020 година. Мерени се повеќе од 40 „референтни глечери“, а резултатите покажаа најголемо намалување на масата на глечерите во таа деценија.

„Секоја деценија од 1990-тите беше потопла од претходната и не гледаме никакви знаци за промена на овој тренд“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка агенција Питер Талас, предупредувајќи дека светот ја губи трката за спасување на глечерите што се топат.

Талас укажа дека затоплувањето на океаните и топењето на глечерите доведоа до речиси двојно зголемување на стапката на пораст на нивото на морето за помалку од една генерација.

Климатологот од Универзитетот во Пенсилванија во Америка, Мајкл Ман, тврди дека затоплувањето постојано се зголемува од 1990 година, но дека не се забрзува.

Ман предупреди дека таквото затоплување поттикнува сè поопасни екстремни временски настани, поплави на крајбрежјето и многу други „катастрофални“ влијанија. Тој посочи дека е исклучително неопходно на глобалниот самит КОП28, кој се одржува во Дубаи, да се донесат заклучоци за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан