• понеделник, 23 декември 2024

Мета: Работиме и силно се трудиме за двете земји што побрзо да ги одржат првите меѓувладини конференции

Мета: Работиме и силно се трудиме за двете земји што побрзо да ги одржат првите меѓувладини конференции
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Не сакаме и не работиме за одвојување на Северна Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. Работиме и силно се трудиме за двете земји што побрзо да ги одржат првите меѓувладини конференции и тоа е една од причините за мојата посета, изјави денеска претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија. Прашан за одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, Мета рече дека за ова многу важно прашање за двете земји разговарал и со претседателот Стево Пендаровски. - Имавме многу добро разбирање и ќе ги интензивираме нашите напори. Ќе бидеме трпеливи и ќе работиме поблиску и посилно, изјави Мета, одговарајќи на новинарско прашање пред предавањето на тема „Албанците во новиот милениум – предизвици и перспективи“ во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје. Мета денеска беше примен од претседателот Стево Пендаровски, а треба да има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Албанскиот претседател е во работна посета на земјава по покана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје. фф/аа/

Остани поврзан