• сабота, 23 ноември 2024

Мета не го потпиша пакетот закони за медиумите, бидејќи ја нарушуваат слободата на изразување

Мета не го потпиша пакетот закони за медиумите, бидејќи ја нарушуваат слободата на изразување
Тирана, 12 јануари 2020 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета не го потпиша и го врати на повторно разгледување во Собранието „пакетот закони за спречување клевета“, оценувајќи дека е спротвно со Уставот и европските конвенции. Мета тврди дека овој закон не ја донел посакуваната регулатива и оти е „закана за слободата на изразување“. - Овој закон, заради многу проблематични одредби, не само што не ја носи очекуваната регулатива, туку за некои фундаментални прашања тој е спротивно на уставните принципи и норми. Недозволиво е Агенцијата за аудовизуелни медиуми (АМА) да има надлежност да казнува па дури и да затвора портали доколку оцени дека објавиле клевета или лажни вести, без да се оди на суд, смета шефот на државата. Мета вели дека законот, кој предзвика голема дебата, но исто така предизвика и спротивставување од меѓународните организации, освен што е спротвен со Уставот, исто така е спротивно и со Европската конвенција за човекови права и не е во духот и принципите утврдени со Универзалната декларација за човекови права. Албаскиот Парламент на 18 декември, со гласовите на владејачкото мнозинство, го усвои „пакетот закони за спречување клевета“, кој предвидува високи казни за онлајн медиумите и дополнителни овластувања за државните надзорни агенции. Пакетот закони беше усвоен и покрај протестите на 15 албански новинарски здруженија и невладини организации, кои го повикаа Парламентот да ги отфрли новите закони предложени од Владата, велејќи дека тие ќе ја нарушат слободата на изразување и слободата на медиумите, бидејќи е во судир со меѓународните принципи. Тие сметаат дека АМА не може да има компетенци кои му следуваат на судот. Премиерот Еди Рама бранејќи го владинот предлог, од собранската говорница тогаш рече дека целта на усвојувањето на двата нови закона е борба против лажните вести и дека тие биле целосно согласно меѓународните стандарди. - Наша цел е да поставиме стандарди за да се почитуваат човековите права. Владата соработуваше и законите ги подготви заедно со ОБСЕ, изјави Рама. Дека Мета ќе ги врати законите на повторно разгледување уште тогаш најави премирот Еди Рама од собраниската говорница. - Од денес сите Албанци треба да знаат дека имаат на располагање еден инструмент кој ќе биде ставен во функција по Нова година, бидејќи Претседателот ќе ни го врати пред Нова година, рече Рама. Претставникот за слобода на медиумите при ОБСЕ, Харлем Десир изјави дека на нацрт-законот се уште треба да се работи, за да се намалат евентуалните казни за објавување наводно лажни вести, имајќи предвид дека казните се до 16.000 евра. Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ побара текстот на законите да се разгледа од почеток, сметајќи ги за „тежок удар врз слободата на изразување“. Загриженост изрази и Евопската комисија и ги повика албанските власти да ги разгледаат препораките дадени од ОБСЕ и на Советот на Европа, мобилизирани преку фондовите на ЕУ, со цел да се обезбеди усогласеност со европските стандарди во областа на слободата на изразување. вт/гт/

Остани поврзан