• понеделник, 23 декември 2024

Мета: Договорот Белград - Приштина значаен чекор за нормализирање на односите меѓу двете земји

Мета: Договорот Белград - Приштина значаен чекор за нормализирање на односите меѓу двете земји
Тирана, 4 септември 2020 (МИА) - Потпишаниот договор меѓу Приштина и Белград претставува важен чекор кон две цели, прво за нормализација на односите меѓу двете земји и второ за мирот и стабилноста во регионот, оцени албанскиот претседател Илир Мета, поздравувајќи го потпишаниот договор. - Го поздравувам потпишувањето на договорот меѓу Косово и Србија, за кој се преговараше под водство на Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп. Важен чекор кон целосно нормализирање на односите меѓу двете земји и во служба на мирот и стабилноста во нашиот регион, напиша Мета. Договорот во меѓувреме го поздрави и спикерот на албанскиот Парламент, нарекувајќи го успех од историско значење, а за претседателот Трамп оцени дека има визионерско и ефективно лидерство. -Потпишувањето на економскиот договор меѓу Република Косово и Република Србија е успех од историско значење. Тој е почеток на процес, кој ќе доведе до политички договор и конечно меѓусебно признавање меѓу двете земји. Овој договор е уште една гаранција за развој, мир, стабилност и безбедност во регионот, оцени Ручи. Тој искажа благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за визионерското и ефективно раководство, како и преговарачкиот тим на Белата куќа за упорноста и ефикасноста. Претходно договорот го поздравија албанскиот премиер Еди Рама и неговата социјалистичка партија. вт/

Остани поврзан