• петок, 22 ноември 2024

Металург се засили со пикерот Бранко Канкараш

Металург се засили со пикерот Бранко Канкараш
Скопје, 5 мај 2020 (МИА) - Раководството на Металург го обезбеди второто засилување за следната сезона. Се работи за црногорскиот репрезентативен пикер Бранко Канкараш, кој сезонава ја заврши во тимот на Мешков Брест. Тој со тимот од Автокоманда потпиша едногодишен договор. Канкараш во својата кариера настапувал за српските екипи Југовиќ (2006-2013), Металопластика (2013-2014) и Војводина (2014-2015), турскиот Мерзин (2014-2015), француските Валанс (2015-2017) и Истр (2018-2019), како и за белорускиот Мешков Брест (2019-2020). Канкараш има искуство и во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Претходно, поранешниот репрезентативец на Србија Момир Рниќ (32) договори едногодишна соработка со металурзите. Рниќ во кариерата има настапувано за Пролетер, Горење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Ловен.

Остани поврзан