• среда, 11 септември 2024

Меси: Џордан е најголем спортист во историјата, би сакал да се фотографирам со него

Меси: Џордан е најголем спортист во историјата, би сакал да се фотографирам со него

Мајами, 10 септември 2024 (МИА) - Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси одговори на прашањето кого го смета за најголемиот спортист во историјата.

Има многу врвни спортисти, кои би можеле да се најдат на тоа место, но Меси има свој фаворит.

-Кога станува збор за спортот, мислам дека најголем е Мајкл Џордан. Откако ја гледав серијата „Последниот танц“ се инспирирав и дознав повеќе за тоа кој е тој и што има постигнато, изјави Лионел Меси, пренесува СПОРФ.

Меси додаде дека со задоволство би се сликал со Џордан.

-Толку луѓе ме побараа за фотографија, зошто да не побарам јас од него? Би било навистина убаво, истакна тој.

Мајкл Џордан е меѓу најголемите спортисти на сите времиња. Славниот кошаркар е двократен олимписки победник и шесткратен шампион во НБА. За време на неговата професионална кошаркарска кариера, тој играше двапати за Чикаго Булс (1984–1993, 1995–1998) и за Вашингтон Визардс (2001–2003). дс

Фото: Архива

Остани поврзан