• вторник, 05 ноември 2024

Меси ќе го пропушти третиот натпревар во низа на Интер Мајами

Меси ќе го пропушти третиот натпревар во низа на Интер Мајами

Мајами, 30 март 2024 (МИА) - Лионел Меси ќе го пропушти претстојниот натпревар на Интер Мајами. Аргентинскиот напаѓач нема да учествува на натпреварот од шампионатот во МЛС против Њујорк Сити.

Фудбалерот ќе го пропушти натпреварот поради повреда на тетивата.

Интер Мајами се надева дека Лионел Меси може да игра на следниот натпревар на тимот против Монтереј во Купот на шампионите во КОНКАКАФ.

Меси нема играно за Интер Мајами од 14 март, кога одигра 50 минути против Нешвил во Купот на шампионите во КОНКАКАФ. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан