• понеделник, 23 декември 2024

Меси во наредните часови ќе објави преселба во Интер Мајами, Ејпл ТВ и Адидас ќе му дадат на играчот дел од профитот

Меси во наредните часови ќе објави преселба во Интер Мајами, Ејпл ТВ и Адидас ќе му дадат на играчот дел од профитот

Мајами, 7 јуни 2023 (МИА) – Компаниите Ејпл и Адидас се вклучени во трансферот на Лионел Меси во Интер Мајами.

 

Претходно се дозна дека 35-годишниот фудбалер е блиску до преселба во клубот од американската МЛС. Според Фабрицио Романо, Меси оваа одлука ќе ја соопшти во наредните часови.

 

Според „Атлетик“, повикувајќи се на повеќе извори блиски до разговорите, понудата што ја добил Меси вклучува исплати од двата најголеми комерцијални партнери во лигата.

 

„MLS“ и „Apple“ потпишаа 10-годишен договор вреден 2,5 милијарди долари оваа пролет. Според неговите услови, натпреварите од лигата ќе се пренесуваат исклучиво на Ејпл Тв преку претплата на „MLS Season Pass“. По преселбата во Интер, Меси ќе добива дел од приходите од новите претплатници на услугата.

 

За возврат, Адидас му понуди на Лионел дел од својот профит поврзан со трансферот на играчот во американскиот клуб. Оваа година компанијата склучи шестгодишен договор со МЛС вреден 830 милиони долари. Адидас обезбедува комплети за сите 29 тимови во лигата, како и ја дизајнира официјалната топка на лигата и е официјален спонзор за чевли на лигата.

 

Во 2017 година, Меси и Адидас склучија доживотен договор за спонзорство на обувки. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан