• петок, 05 декември 2025

Мерц: Не е вистина дека е прогласена вонредна состојба поради миграцијата

Мерц: Не е вистина дека е прогласена вонредна состојба поради миграцијата

Брисел, 9 мај 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Брисел негираше дека неговата влада прогласила вонредна состојба поради миграцијата, што вчера го објавија некои германски медиуми.

-Никој во владата, а најмалку јас, не прогласи вонредна состојба. Но, ние ќе ги зајакнеме граничните контроли како што направивме во контекст на фудбалските натпревари минатата година, секогаш во согласност со европското право, и ги информиравме нашите соседи и партнери за ова, рече Мерц.

На Денот на Европа, Мерц денеска е во посета на Брисел на средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан