• понеделник, 25 ноември 2024

Меркосур го одби барањето на Зеленски виртуелно да се обрати на нивниот самит

Меркосур го одби барањето на Зеленски виртуелно да се обрати на нивниот самит
..., 21 јули 2022 (МИА) - Јужноамериканскиот економски блок Меркосур, во кој се Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, не му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува на самитот на шефовите на државите на групата што треба денеска да се одржи во  Асунсион. „Немаше консензус. Тоа беше пренесено на украинскиот амбасадор во Парагвај. Самиот министер за надворешни работи му го пренесе на дипломатскиот претставник“, рече Раул Кано, заменик-министер за надворешни работи на Парагвај, земја домаќин на состанокот. Тој рече дека сите одлуки во економскиот блок се носат едногласно. Притоа не кажа која земја или земји не биоле за интервенција на украинскиот претседател. паг/

Остани поврзан