• петок, 22 ноември 2024

Меркел: Од 10.000 до 40.000 локален персонал во Авганистан имаат право да бидат евакуирани во Германија

Меркел: Од 10.000 до 40.000 локален персонал во Авганистан имаат право да бидат евакуирани во Германија

Берлин, 31 август 2021 (МИА) - Германија проценува дека се уште има меѓу 10.000 и 40.000 локален персонал кои работат за развојни организации во Авганистан и кои имаат право да бидат евакуирани во Германија, доколку мислат дека се загрозени, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа на заедничката прес -конференција со австрискиот колега Себастијан Курц рече дека повеќето од оние што работат за германските вооружени сили и полиција веќе се надвор од Авганистан, но дека многу вработени од таа област останале во земјата, бидејќи помошта за развој на Авганистан не била запрена.

epa09438463 Austrian Chancellor Sebastian Kurz (L) and German Chancellor Angela Merkel look at each other during a joint press conference at the Chancellery in Berlin, Germany, 31 August 2021. German Chancellor Merkel and Austrian Chancellor Kurz met for bilateral talks.  EPA-EFE/CLEMENS BILAN

- За нас во моментов, фокусот е на локалниот персонал, а тоа не се 300 луѓе, тоа се веројатно повеќе од 10.000 - 40.000 луѓе, рече Меркел.

Според неа, треба да се види колку од нив сакаат да ја напуштат земјата, а колку не.

- Како што видовме, никој не одлучува лесно да го напушти својот дом, додаде таа. паг/

Остани поврзан