Меркел го осуди нападот врз Израел
- Поранешната канцеларка на Германија Ангела Меркел најостро го осуди нападот против Израел од страна на исламистичка група Хамас, јави ДПА.
Берлин, 9 октомври 2023 (МИА) - Поранешната канцеларка на Германија Ангела Меркел најостро го осуди нападот против Израел од страна на исламистичка група Хамас, јави ДПА.
-Најостро ги осудувам терористичките напади на Хамас против државата Израел. Моите мисли и солидарност се со израелскиот народ и владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави денеска Меркел.
Актуелниот канцелар на Германија, Олаф Шолц, вчера во телефонски разговор со Нетанјаху вети поддршка од Германија. Дополнително, Владата на Шолц најави дека Германија ќе ја преиспита хуманитарната помош за Палестинците. мс/
фото: МИА архива