• понеделник, 23 декември 2024

Мерка куќен притвор за жител на Дреново осомничен за обид за силување

Мерка куќен притвор за жител на Дреново осомничен за обид за силување
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донел Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. Како што информираат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, на 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. Според ОЈО, тој влегол во нејзиниот дом, покривајќи го лицето со маица, по што се обидел да ја изврши обљубата. - Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомниченото лице. Но, судот, ценејќи ги сите околности, не го прифати предлогот и за осомничениот определи мерка куќен притвор за време на која тој не смее да го напушта домот и да комуницира со оштетената, се наведува во соопштението на ОЈО.​ фф/нд/

Остани поврзан