• петок, 22 ноември 2024

Мери Трамп до чичко ѝ - оставка! (видео)

Мери Трамп до чичко ѝ - оставка! (видео)
Вашингтон, 15 јули 2020 (МИА) - Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп во вчерашното интервју раскажа како го посетила чичко ѝ пред четири години - само три месеци откако бил избран за шеф на државата. Според неа, претседателот и тогаш „изгледал уморно“ и тешко се носел со притисокот. Таа инаку, вчера ја издаде книгата „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“ (Too Much and Never Enough: How My Family Created the World's Most Dangerous Man). Другиот нејзин чичко, Роберт се обиде и да го спречи издавањето на ова дело. Во интервјуто, писателката вели и дека дедо ѝ, таткото на Доналд - Фредерик Трамп бил социопат кој ги злоупотребувал своите деца. Потоа сведочеше дека проблемите во семејството настанале кога тој починал 1999 година и не ја спомнал Мери во тестаментот. Следувале и судски процеси. Прашана, во случај моментно да е во Овалната соба, што би го посоветувала чичко ѝ, таа кусо одговори: да си даде оставка! По повод издавањето на книгата, Белата куќе издаде соопштение каде што се вели дека „оваа книга е само во полза на финансискиот личен интерес“ на авторката. „Претседателот Трамп повеќе од три години работи во име на американскиот народ - зошто да зборуваме сега? Претседателот ги опишува односите што ги имал со неговиот татко како ’топли’ и смета дека неговиот татко бил многу добар за него. Тој истакнува дека неговиот татко бил грижлив и воопшто не бил суров кон него како дете“, се вели во изјавата.  си/сд/   https://www.youtube.com/watch?v=j6Xv-34_ODQ

Остани поврзан