• четврток, 04 јули 2024

Мендеш: Ќе направиме сѐ за Роналдо да освои трофеј на неговото последно Евро

Мендеш: Ќе направиме сѐ за Роналдо да освои трофеј на неговото последно Евро

Хамбург, 4 јули 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Португалија, Нуно Мендеш ја истакна решителноста на сите негови соиграчи да дадат максимум во обидот Кристијано Роналдо да го подигне трофејот на неговото последно Европско првенство.

-Ова е неговото последно евро и ќе направиме сѐ за да му го подариме трофејот, изјави Мендеш за „A Bola“.

Роналдо по победата над Словенија (0:0, пенкало - 3:0) во осминафиналето на Евро 2024, изјави дека овој континентален турнир ќе му биде последен.

Во четвртфиналето на ЕП Португалија ќе се сретне со Франција. Натпреварот ќе се одигра на 5 јули со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан