• петок, 22 ноември 2024

Мелони сведок на судењето на обвинетите за објавување нејзини лажни порно фотографии

Мелони сведок на судењето на обвинетите за објавување нејзини лажни порно фотографии

Рим, 21 март 2024 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска беше повикана да сведочи на судењето на двајца мажи обвинети за лажирање на порнографски фотографии со нејзиниот лик и објавени на Интернет.

На судењето во Сасри, Сардинија, Мелони како оштетена бара отштета од 100.000 евра, кои доколку ги добие на суд ќе ги донира во фондот на МВР за жени жртви на семејно насилство, изјави нејзината адвокатка Марија Џулија Маронги.

Во 2020 година, италијанската полиција идентификуваше татко и син кои објавиле лажни фотографии од Мелони на порно веб-страница со седиште во САД, следејќи ги податоците од нивните мобилни телефони.

Маронги рече дека одлуката на Мелони да го продолжи случајот ќе испрати порака до жените кои се жртви на такво злоставување дека не треба да се плашат да поднесуваат жалби. јт/

Фото: Х

Остани поврзан