• вторник, 05 ноември 2024

Мексиканските истражувачи создадоа маска што го неутрализира Ковид-19

Мексиканските истражувачи создадоа маска што го неутрализира Ковид-19
Мексико Сити, 27 август 2021 (МИА) - Истражувачите од Националниот автономен Универзитет во Мексико (УНАМ) создадоа маска за лице со нанослој од сребро и бакар, која го неутрализира Ковид-19. УНАМ трослојната антимикробна маска за лице ја нарече СакЦу, Сак на мајански јазик е сребро, а ЦУ е хемискиот симбол за бакар. Тестирањето на маската покажало дека вирусот за 80 проценти исчезнува за околу осум часа. - По допирот со нанослојот од сребро и бакар, мембраната на САРС-ЦоВ-2 пука и нејзината РНА е оштетена. Сури и ако СакЦу се складира на непрописен начин, тоа не е проблем бидејчи маската не останува контаминирана, како голем број маски, посочија истражувачите. Маската за лице може повторно да се користи и може да се пере до десетпати без да ги загуби своите биоцидни карактеристики. УНАМ наведе дека во моментот има капацитет за производство на 200 маски дневно. ми/

Остани поврзан