• понеделник, 01 јули 2024

Мекинро: Швјонтек е фантастична, ме потсетува на Ѓоковиќ

Мекинро: Швјонтек е фантастична, ме потсетува на Ѓоковиќ

Мелбурн, 10 јануари 2023 (МИА) - Седумкратниот грен слем шампион Џон Мекинро е импресиониран од Ига Швјонтек која доминира во женскиот тенис.

Минатата година таа освои осум титули - вклучувајќи ги Ролан Гарос и УС Опен, како и четири трофеи на ВТА 1000.

- Мислам дека таа е убедливо најдобрата тенисерка на светот во моментов, таа е фантастична спортистка. Никогаш не сум видел девојка така да се лизга по аглите. Ме потсетува на Ѓоковиќ. Затоа, би бил изненаден ако таа не освои барем неколку грен слема. На земјена подлога и извонредна, а научи да игра и на тврда подлога, па нема дилема дека е фаворит на кој било турнир на кој ќе настапи. Само, треба да биде внимателна со распоредот на турнирите затоа што нема шанси да има серија од 37 победи сега кога ќе ја „ловат“, изјави Мекинро.

Полската тенисерка во моментов е лидер на ВТА ранг-листата со 11.025 бодови, односно убедлива предност од околу 6.000 бода пред најблиските конкурентки. зс/

Остани поврзан