• петок, 22 ноември 2024

Мекинро: Еднаш ја криев лутината, затоа што момците не смеат да плачат

Мекинро: Еднаш ја криев лутината, затоа што момците не смеат да плачат
Њујорк, 7 октомври 2021 (МИА) - Поранешниот прв рекет на светот Џон Мекинро го коментираше фактот дека оваа година темата за ментално здравје се почесто се дискутира во спортот. - Слушаме повеќе за ова од Симон Билс и Наоми Осака. Пандемијата стана единствен настан што создава нови проблеми - покрај оние што веќе постојат. Многу е важно да разговараме за менталното здравје. Едно време, ја криев ранливоста зад гневот, бидејќи момците не треба да плачат. Ова се менува и мислам дека ова е здрав процес, изјави Мекинро. Психолошкото здравје е многу важно за спортистите да работат продуктивно и да постигнуваат врвни резултати. зс/

Остани поврзан