• сабота, 23 ноември 2024

Медицинска сестра обвинета за примање награда за противзаконито влијание 

Медицинска сестра обвинета за примање награда за противзаконито влијание 
Скопје, 5 март 2021 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата, односно забрана за напуштање на домот и за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.​​ Како што се наведува во соопштението од ЈО, обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28 септември 2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ, од син на пациентка која требало да се оперира, побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. - Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката. Откако и биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција, се наведува во соопштението. ев/сп/

Остани поврзан