• петок, 22 ноември 2024

Медиуми: Пешиќ останува селектор на Србија

Медиуми: Пешиќ останува селектор на Србија


Белград, 17 октомври 2024 (МИА) – Искусниот тренер Светислав Пешиќ ќе остане селектор на српската кошаркарска репрезентација до крајот на Европското првенство во 2025 година, јавија денеска белградските медиуми.
Според Меридијан спорт, новиот претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС), Небојша Човиќ се сретнал со Пешиќ и „начелно договорил соработка до крајот на Европското првенство во 2025 година“.
Медиумите наведуваат дека Човиќ имал „двајца одлични кандидати“ во случај да не се постигне договор со селекторот кој летово со Србија го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.
Пешиќ во септември изјави дека договорот му истекол и нема повеќе нема да биде селектор, додавајќи оти раководството на КСС треба да бара ново име за селекторската должнист. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан