• сабота, 21 декември 2024

Медиуми: Ливерпул оди на продажба

Медиуми: Ливерпул оди на продажба

Лондон, 7 ноември 2022 (МИА) – Компанијата „Финвеј спортс груп“ (FSG), која е сопственик на Ливерпул, одлучи да го продаде англискиот фудбалски прволигаш, јавија вечерва британските медиуми.

Според добро информираниот портал „Атлетик“, сопствениците на Ливерпул ги повикале заинтересираните страни да испратат понуди.

„Форбс“ во мај годинава ја процени вредноста на Ливерпул на 4.45 милијарди долари.

Сопственик на FSG е американскиот милијардер Џон Хенри. ег/јт/

Остани поврзан