• понеделник, 25 ноември 2024

Медведев: Во јуни бројот на регрутирани војници се зголеми на 1.400 луѓе дневно

Медведев: Во јуни бројот на регрутирани војници се зголеми на 1.400 луѓе дневно

Москва, 4 јули 2023 (МИА) – Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска соопшти дека во јуни бројот на регрути во руските вооружени сили се зголемил на 1.400 лица дневно.

- Само во последната недела, речиси 10.000 луѓе потпишаа договор со вооружените сили на Русија, рекол Медведев, пренесуваат руски медиуми.

Според него, од 1 јануари до 4 јули годинава во редовите на руските вооружени сили биле регрутирани повеќе од 185.000 луѓе, од кои 109.000 биле во резерва. Медведев рече дека „обидот за вооружен бунт не го променил односот на граѓаните кон договорната служба во зоната за специјални воени операции“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан