• понеделник, 24 јуни 2024

МД „Илинден“ - Тирана му го честита реизборот за европратеник на Винче Лорант, претседател на ФУЕН

МД „Илинден“ - Тирана му го честита реизборот за европратеник на Винче Лорант, претседател на ФУЕН

Дебар, 12 јуни 2024 (МИА) -  Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, кое повеќе од девет години е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) му го честиташе реизборот за европратеник на Винче Лорат, прв човек на федерацијата.

-  Дозволете ми во мое лично име, како претставник на Македонците во Република Албанија, а во име на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, да ви честитам за победата на Евроизборите 2024 и како пратеник во Европскиот парламент и како претставник на Унгарците од Романија во исто време и како претседател на ФУЕН. Ви посакуваме и понатаму да бидете гласот на малцинствата и борец, како и досега, за правата на малцинствата во Европа, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Уште еднаш, се додава,  ја изразуваме нашата највисока почит кон вас.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана за членка на ФУЕН беше примена во февруари 2015 година, каде  успешно ги претставува Македонците во оваа највисока малцинска организација во Европа. вт/мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан