• недела, 22 декември 2024

МД „Илинден“ рамноправен партнер во проектот „Тирана - европска младинска престолнина 2022“

МД „Илинден“ рамноправен партнер во проектот „Тирана - европска младинска престолнина 2022“
Тирана, 26 март 2021 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“-Тирана стана рамноправен партнер во проектот „Тирана - европска младинска престолнина 2022“. Веста е објавена на официјалната веб-страница „Тирана - европска младинска престолнина 2022“ каде покрај другите организации-партнери се наоѓа и логото на друштвото со кратка информација за него. - Минатата година во Амиен, Франција, престижното меѓународно жири едногласно ја прогласи Тирана за европска младинска престолнина за 2022 година. Нашето друштво e член на Националниот младински конгрес на Албанија од 2015 година и еден од подносителите на апликацијата „Тирана - европска младинска престолнина 2022“ со што рамноправно се смета за еден од иницијаторите за Тирана да стане домаќин и носител на оваа европска титула, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден“. Додава дека Националниот младински конгрес на Албанија во соработка со градската власт на Тирана ја промовирал веб-страницата и програмата за наредната година со широк спектар на можности за младите од сите средини на општеството да ги изнесат своите иновативни идеи и разбирање на европските перспективи и вредности. Проектот „Европска младинска престолнина“ (European Youth Capital) или попозната под скратеницата EYC, посочува Ѓурѓај, започнал да се имплементира од 2009 година, по иницијатива од Европскиот младински форум (European Youth Forum) меѓународна невладина организација со седиште во Брисел. Титулата европска младинска престолнина била доделена на градот Ротердам од Холандија. вт/оџ/  

Остани поврзан