• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МД „Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија

МД „Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија

Дебар, 9 април 2025 (МИА) - Македонското друштво „Илинден”-Тирана доби верски календари за 2025 лето Господово, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија, информираше за МИА, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Во име на друштвото и на Македонците тој искажува голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.

-Како друштво, повеќе години на ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари, рече Ѓурѓај.

Вели дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добијат треба само да се контактира со друштвото. вт/са/

Фото: МД „Илинден“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан