• четврток, 15 јануари 2026

МВР: 34 возила оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“ во Скопје

МВР: 34 возила оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“ во Скопје

Скопје, 28 декември 2025 (МИА) - Триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“, а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра, информираат од МВР.  

- Денеска (28.12.2025) во СВР Скопје  е пријавено дека во периодот од 23:00 часот на 27.12.2025 до 09:00 часот на 28.12.2025 на паркинг простор на бул „АСНОМ" е извршено оштетување на 34 патнички возила со вкупна материјална штета од околу 11.000 евра, се наведува во информацијата од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата. ев/ац/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан