• вторник, 05 ноември 2024

МВР: Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава

МВР: Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Радовишката полиција синоќа во 20.15 часот го лишила од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче, кој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.

Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/нд/

Фото: МИА архива

 


 
 

Остани поврзан