• четврток, 25 јули 2024

МВР: Приведен осомничен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

МВР: Приведен осомничен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Битолската полиција вчера во 16:15 часот го лишила од слобода Н.Р. (23) од Битола, кој се сомничи дека околу 15:30 часот влегол во дворот на С.Б.(74) од Битола и со употреба на сила ѝ одзел личен накит.

Како што информираат денеска од МВР, одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/цр/

фото МИА архива


 

Остани поврзан