• петок, 05 декември 2025

МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина, со хеликоптер пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза”

МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина, со хеликоптер пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза”

Скопје, 21 септември 2025 (МИА) - Полициски службеници од САЕ Тигар и ОВЕ денеска со хеликоптерот Бел 412 спасија повредено лице од Шар Планина, во реонот на Гостивар.

Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава дека на Шар Планина се превртело возило, а со повреди се здобил А.Џ., тие се упатиле на местото на настанот и повреденото лице е успешно преземено и транспортирано до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.вј/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан