МВР поднесе пријави против лица кои дивееле со автомобил по скопските булевари
- -Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП, се наведува во соопштението на МВР.
Скопје, 5 август 2025 (МИА) - Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи веднаш презело мерки и активности и лицата се пронајдени, соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека со нив бил извршен службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
-Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР дополнуваат дека СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот. нд/дма/
Фото: МИА архива