• четврток, 19 декември 2024

МВР на Србија: 135 пожари на отворено во изминатите 24 часа

МВР на Србија: 135 пожари на отворено во изминатите 24 часа

Белград, 16 август 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи на Србија денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани вкупно 135 пожари на отворено, при што поголемите пожари се изгаснати, а моментално се врши догасување на седум локации.

Во соопштението се наведува дека во акциите биле ангажирани 416 пожарникари-спасители со 180 возила, седум членови на Хеликоптерската единица на МВР, како и 15 припадници на специјализирани единици за цивилна заштита за гасење пожари, како и голем број доброволци, шумари и локални жители. „Со навремената реакција на припадниците на Секторот за вонредни состојби на МВР, поголемите пожари во Пчињскиот округ во местата Добросин, Себрат и Брњаре, како и во Нишавскиот округ во населбата 9 мај, се изгаснати“, се вели во соопштението.

Министерството уште еднаш апелира до граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат одредбите на Законот за заштита од пожари, поради актуелниот топол и сув период кој е погоден за настанување и брзо ширење на пожари на отворен простор, кои претставуваат опасност за животите и здравјето на граѓаните и може да предизвикаат големи материјални штети. ссм/

 

Остани поврзан