• петок, 19 јули 2024

МВР излезе со детали за пукањето во гаражите на „Ист Гејт“

МВР излезе со детали за пукањето во гаражите на „Ист Гејт“

Скопје, 25 август 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е пукано кон Р.Т. (39) од Скопје во гаражите на трговскиот центар „Ист Гејт“, но дека нема повредени лица.

- На 25.08.2023 околу 15:50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“,  пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/ев/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан