• среда, 04 февруари 2026

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи потсетува дека граѓаните треба да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед. 

- На посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 8 до 17 часот, граѓаните може да поднесат барање за промена на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на возилата доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Тоа може да се изврши и во станиците за технички преглед на возила во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР - информира МВР.

Според најавите, системот „Безбеден град“ официјално треба да биде ставен во функција в недела (1 февруари). лв/паг/

Фото: МИА архива  

Остани поврзан