• понеделник, 23 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 10 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 0:05 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода М.Д.(20) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 20:15 часот во село Грчец, скопско, го лишиле од слобода М.Л.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија синоќа во 0:05 часот во Гевгелија го лишиле од слобода С.Т.(23) од Гевгелија, бидејќи кај него биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и тврда материја во кристали. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Утрово во 1:10 часот во Кичево, лишен е од слобода С.А.(26) од Кичево, бидејќи кај него од страна на полициски службеници било пронајдено и одземено пакување со растителна материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Битола ноќеска во периодот од 0:00 до 4:00 часот спроведоа акциска контрола на подрачјето на Битола за присуство на малолетни лица  во угостителските објекти во Битола. При контролата во угостителски објект лоциран на Градското шеталиште биле затекнати две малолетни лица после 24 часот, од кои едното било под дејство на алкохол. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 19:50 часот во Тетово на улицата „Благоја Тоска“ го лишиле од слобода С.А.(48) од село Требош, тетовско, поради тоа што спречувал двајца инспектори од УЈП при вршење службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 107 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, 17 мерки за некористење на сигурносен појас, 15 санкции за управување под дејство на алкохол...

Вчеравечер и ноќеска од 23:00 до 5:00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 27 прекршоци (ТЕ-24 и ГВ-3). Кај двајца возачи (ТЕ-1 и ГВ-1) биле измерени до два промили алкохол во организмот, а кај тројца (ТЕ) до еден и пол промил. Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противвредност, а ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Покрај ова, во акциската контрола биле санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-8).

Во текот на изминатата вечер  во периодот од 23:00 до 5:00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 22 возачи. Од нив по 8 на територија на Прилеп и Битола по 2 во Ресен ,Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 14 други видови прекршоци.

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23:00 до 5:00 часот на територија на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. За време на контролата биле санкционирани 14 прекршоци.

Вчера во 21:10 часот било пријавено дека во Нов Дојран, на улицата „Маршал Тито“, патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Вчера во 13:30 часот било пријавено дека на локалниот пат Буковиќ - Семениште, скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(25) од село Желино, тетовско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(27) од село Буковиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Б., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Џ.Б.(27) од истото село, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Вчера  во 19:45 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Никола Карев“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(34) од село Студеничани, удрило во пешакот В.Б.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 17:10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од улицата „Пандил Шишков“ и станбена улица која води на паркинг простор, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило кое го напуштило местото несреќата и мотоцикл „сузуки 750“ со велешки регистарски ознаки, управуван од М.И.(31) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

А.К.(38) од Скопје вчера во 14:50 часот во Полициската станица Карпош пријавила дека во населбата „Момин Поток“ била касната од куче скитник.

М.Т.(45) од Скопје вчера во 21:00 часот во Полициската станица Карпош пријавила дека на улицата „Скупи“ била касната од куче скитник.

М.К.(57) од Скопје вчера во 22:05 часот во Полициската станица Драчево, пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан