• среда, 14 јануари 2026

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 јануари 2026 (МИА) Во СВР Скопје  вчера во 19:15 часот е пријавено дека на ул.„Емин Бојана“ во с. Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од с.Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Во ОВР Гостивар вчера во 16:05 часот е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од с.Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Во СВР Скопје,  вчера 09:00 часот од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје, вчера во 09:00 часот, Д.Ј.(20) од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје,  вчера 14:40 часот  М.Л.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Тодор Александров“ во Скопје, во двор од приватна фирма, пронашол залутани зрна од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје,  ноческа во 00:10 часот И.С.(25) од с.Ракотници, скопско, пријави дека на 05.01.2026 околу 22:20 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, бил физички нападнат од К.П.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Штип, вчера во 01:31 часот Л.М.Н.(33) од Германија, со престој во Крива Паланка, пријави дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје, ноќеска  во 02:10 часот Ј.Ј.(43) од Скопје пријавил дека во с. Батинци, скопско, бил физички нападнат од Н.С.(22) од с.Батинци. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.


Полициски службеници од СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.лв/

фото: МИА архива 

 


 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан